11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГранит АД Скопје објави финансиски резултати за третиот квартал

Гранит АД Скопје објави финансиски резултати за третиот квартал

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 3,521,810 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 4%.

Приходите од продажба за периодот Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 3,260,950 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 3%.

Финансиските приходи за периодот Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 75,864 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 1%.

Вкупни расходи

Остварените единечни  вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2022 година се во износ од  3,439,114 илјади денари,  споредено  со истиот период 2021 година бележат  зголемување за 5% . 

Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 4% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали и соровини за изградба (нафта, цемент, железо, електрична енергија и др).

Трошоците за вработени се на исто ниво како минатата година, додека останатите трошоци од работењето се намалени за 62%.

Трошоците за услуги се намалени во однос на претходната година за 3%.

Во периодот Јануари – Септември 2022 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 82,696 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 23,572 илјади денари, и е помала од добивката пред се поради останатата сеопфатна загуба во износ од 59,124 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана загуба од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 2022 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП