23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕУ-регулаторите ја „чешлаат“ продавницата на „Google“

ЕУ-регулаторите ја „чешлаат“ продавницата на „Google“

Европските антимонополски регулатори ја истражуваат „Google Play Store“, соопшти компанијата во регулаторното поднесување, кое би можело да го изложи американскиот технолошки гигант на уште една милијарда евра казна.

Во текот на последната деценија, Google исплати 8,25 милијарди евра за антимонополски казни на ЕУ по три истраги за нејзините деловни практики.

„Во мај 2022-ра година, ЕК (Европската комисија) и CMA (Управата за конкуренција и пазари на Обединетото Кралство) отворија формална истрага за деловните практики на „Google Play“, велат од компанијата во својата квартална пријава за заработка на 25-ти октомври.

Антимонополската агенција на Европската унија не одговори веднаш на барањето за коментар.

Антимонополските регулатори на ЕУ истражуваат дали заканата на „Google“ дека ќе ги отстрани апликациите од „Play Store“ доколку развивачите на апликации користат опции за плаќање различни од сопствениот систем за наплата, така што ќе им наштети на програмерите, изјавија за „Reuters“ во август две лица запознаени со ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП