6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Фершпед АД Скопје речиси идентична со лани

Добивката на Фершпед АД Скопје речиси идентична со лани

Фершпед АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето за период 01.01.-30.09.2022 година.

Оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2022 година изнесува 79.780 илјади денари и истата е зголемена за 4% во однос на добивката во 2021 година истиот период.

Вкупните приходи од работењето на Фершпед АД Скопје за период јануари-септември 2022 година изнесуваат 3.482.085 илади денари и истите бележат зголемување за 4% во однос на вкупните приходи остварени во истиот период минатата година.

Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 3.478.655 илјади денари и се зголемени за 4% во однос на оперативните приходи во период јануари-септември 2021 година. Финансиските приходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.

Вкупните расходи остварени во период јануари-септември 2022 година изнесуваат 3.265.734 илјади денари и истите бележат зголемување од 53% во однос на истите мината година.

Оперативните расходи се во износ од 3.400.483 илјади денари и истите се зголемени за 4% во однос на оперативните расходи од 2021 година.Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пораст.

Нето добивката во анализираниот период изнесува 72,785 илјади денари што пoкажува незначително намалување на истата во однос на добивката од минатата година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП