26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе огласи Маск: Не планирам да отпуштам работници на Твитер за да...

Се огласи Маск: Не планирам да отпуштам работници на Твитер за да избегнам да им исплатам плата! Ова е лага!

Илон Маск денеска го негираше извештајот на Њујорк Тајмс дека планира да отпушти работници на Твитер пред почетокот на следниот месец за да избегне да им плати. Одговарајќи на прашање на корисник на Твитер за извештајот, Маск напиша: „Ова е лага“.

Маск минатата недела ја презеде социјалната платформа, која ја купи за 44 милијарди долари (43,7 милијарди евра), по неколкумесечни правни пречки.

Откако компанијата ги смени сопствениците, врвните менаџери на компанијата си заминаа, вклучително и извршниот директор, претседателот и шефот на финансиите.

„Њујорк тајмс“ изминатиот викенд објави дека Маск наредил намалување на работните места на „Твитер“ и дека отпуштањата ќе се случат пред 1 ноември, кога работниците требаше да добијат акции во компанијата како главен дел од нивните плати.

Откако го негираше извештајот на Њујорк Тајмс за отпуштањата, Маск објави на Твитер скриншот од насловот на весникот за тоа и линк до, како што рече, „страница позната по објавување лажни вести“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП