23 април, 2024
ПочетнаКОРОНАДали сè уште сме во пандемија?

Дали сè уште сме во пандемија?

Ковид 19 стана ендемична вирусна инфекција, со која светот ќе живее со генерации, изјави шефот на постојаната комисија за вакцинација на Германија, Томас Мертенс.

Во интервју за баварската телевизија, Мертенс потсети дека голем дел од германското население веќе било заразено, ја примило вакцината или и двете.

„Тогаш, се разбира, прашањето е дали сè уште сме во пандемија или не“, рече Мертенс, додавајќи дека прашањето е можеби поважно во психолошка отколку во научна смисла.

„Но, се разбира, може да се каже дека во меѓувреме стана ендемична вирусна инфекција, која ќе остане со нас со генерации“, рече Мертенс. Тој додаде дека останува задачата да се заштитат оние кои се во опасност да се разболат, со вакцинација, но и со носење маски.

Болеста се смета за ендемична ако е постојано присутна во регион, со приближно константен број на пациенти, како што е грипот.

Мертенс објасни дека пандемија е кога глобално непознат патоген продира во населението, со кој луѓето немаат имунолошко искуство. Тој рече дека таква ситуација повеќе не постои и дека „тежината на болеста не е дел од дефиницијата за пандемија“.

Германската влада, пак, наведува дека ништо не е сменето.

„Светската здравствена организација ја прогласи појавата на коронавирусот во 2020 година како пандемија и само СЗО може да ја ревидира таа проценка“, рече во петокот портпаролката на Министерството за здравство.

А СЗО, потсети таа, неодамна потврди дека светот е во пандемија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП