8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПред 3 години беше во затвор, сега ќе води земја од 214...

Пред 3 години беше во затвор, сега ќе води земја од 214 милиони луѓе

Луис Игнасио Лула да Силва е реизбран за претседател на Бразил.

Поранешниот бразилски претседател Луис Игнасио Лула да Силва беше реизбран за шеф на државата во тензични избори. Да Силва пред три години беше во затвор, а сега повторно ќе биде претседател на Бразил.

Луис Игнасио Лула да Силва беше на чело на земјата од 2003 до 2010 година, поднесувајќи оставка по два мандати со рекордна поддршка од повеќе од 80 отсто од гласачите. Сепак, тој беше осуден на 12 години затвор за корупција, а неговата Работничка партија беше обвинета дека го турна Бразил во брутална рецесија. Тогаш се чинеше дека неговата политичка кариера е завршена, но изборите одржани во неделата го докажаа спротивното.

„580-дневниот престој на Лула во затвор изгледаше како меланхоличен крај на бајковитиот живот во кој тој се издигна од руралната сиромаштија и стана еден од најпопуларните светски лидери“, пишува „Гардијан“. Тој беше предвремено пуштен од затвор, бидејќи беше одлучено дека судијата што го води судењето е пристрасен. Така тој доби можност за едно од најнеочекуваните политички враќања во поновата историја.

„Најпопуларниот претседател на планетата“, како што еднаш го нарече Барак Обама, на изборите се соочи со Жаир Болсонаро, а според првите проценки се предвидуваше дека Лула ќе добие 45 отсто од гласовите, а актуелниот претседател 35. Тој го победи Болсонаро во вториот круг со 50,83 отсто гласови. Врховниот изборен суд на Бразил објави дека се обработени нешто помалку од 99 отсто од гласовите. Според последните официјални податоци во 2021 година, во Бразил живеат околу 214 милиони луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП