5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлон Маск го презеде Твитер: Вратен стариот профил на Канје Вест

Илон Маск го презеде Твитер: Вратен стариот профил на Канје Вест

Илон Маск заврши со преземањето на Твитер, а ден потоа профилот на Канје Вест на таа социјална мрежа беше повторно активиран.

Твитер профилот на раперот беше суспендиран претходно овој месец поради антисемитски коментари, а сега се вратија неговите постари објави на платформата, неговите 31,5 милиони следбеници и неговите лајкови.

Не е јасно дали преземањето на Маск е поврзано со реактивирањето на сметката од страна на Вест.

Вест на почетокот на месецот на Твитер напиша дека „ќе оди на дефкон против Евреите“. Тој твит сè уште е избришан, но неговиот профил сега е активен.

Инаку, токму Маск го контактирал по таа објава.

– Зборував со Yeденеска и изразив загриженост за неговиот неодамнешен твит, кој мислам дека го прими при срце – ја сподели тогаш Маск веста со своите следбеници на Твитер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП