23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„T-Mobile US“ пријави успешен квартал

„T-Mobile US“ пријави успешен квартал

Телекомуникацискиот оператор „T-Mobile US“ ја зголеми својата годишна прогноза за нови претплатници по трет пат бидејќи повеќе Американци се одлучија за неговите 5G услуги и поевтините планови од оние на ривалите „AT&T“ и „Verizon“.

Акциите на „T-Mobile“ пораснаа за 3% во тргувањето по работното време, откако компанијата ги надмина проценките за бројот на мобилни претплатници за кварталот, поттикнати од попустите за паметни телефони и плановите за пониски цени.

Компанијата, исто така, има прв старт во трката за 5G, благодарение на спектарот од среден опсег од 2,5 GHz што го освои преку купувањето на ривалот „Sprint“ во вредност од 23 милијарди долари во 2020-та година, додека „Verizon“ и „AT&T“ само го таргетираат оној дел од спектарот што обезбедува добра рамнотежа на капацитет и покриеност.

Така, додека другите телекомуникациски компании имаат огромни трошоци за распоредување на 5G, додека кај „T-Mobile“ гледа воведувањето на следната генерација мобилни мрежи да е поевтино, рече аналитичарот на „CFRA“, Кит Снајдер.

Директорите на „T-Mobile“ рекоа дека закрепнувањето на меѓународните патувања, силната побарувачка за нејзиниот најскап план „Magenta Max“ од 85 долари, кој е во комплет со услуги за стриминг како „Apple TV+“, помогнале да се зголеми бројот на претплатници и да се зголеми прогнозата за бројот на нови претплатници, при што е приспособена добивката од основната дејност и слободни парични текови.

„Операторот направи многу добра работа за да ги направи поскапите планови повредни за да ја оправда цената“, рече Аншел Саг, аналитичар во „Moor Insights & Strategy“.

Телекомот додаде 854.000 месечни претплатници во третиот квартал, надминувајќи ја просечната прогноза на „FactSet“ од 724.000. Новите корисници на брзите интернет услуги на компанијата беа 578.000.

„T-Mobile“ очекува да додаде меѓу 6,2 и 6,4 милиони нето месечни претплатници во 2022-ра година. Тоа е повеќе од претходната прогноза од 6 до 6,3 милиони претплатници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП