25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје лидер меѓу банките, прокнижи добивка од над 2...

Стопанска банка АД Скопје лидер меѓу банките, прокнижи добивка од над 2 милијарди денари

Стопанска банка АД Скопје за период 1.1.2022 – 30.9.2022 година оствари силни финансиски резултати и прикажа добивка од 2.060.998 илјади денари.

Нето-приходите од камати изнесуваат 3.049.596 илјади денари и се зголемени за 7% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности и врз основа на тоа-зголеменото кредитно портфолио на Банката.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 666.658 илјади денари и се зголемени за 5% во однос на анализираниот период во 2021 година. Ова е резултат на зголемен обем на активности односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 121.119 илјади денари и забележаа пораст од 24% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.
Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 58% и изнесуваат 513.722 илјади денари.

Оперативните трошоци од работењето забележаа зголемување од 7% во согласност со инфлаторните притисоци, при што трошоците за вработени изнесуваат 701.247 илјади денари, додека останатите оперативни трошоци изнесуваат 728.219 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 627.085 илјади денари, која е зголемена за 3% во однос на истиот период од претходната година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП