27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаск го купи Твитер, па ги отпушти директорите! Веднаш ги испрати надвор...

Маск го купи Твитер, па ги отпушти директорите! Веднаш ги испрати надвор од зградата – остави една порака!

Илон Маск го затвори договорот за купување на Твитер за 44 милијарди долари, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Најбогатиот човек на светот на тој начин стана шеф на една од највлијателните социјални мрежи во светот.

Неговиот прв потег беше да го отпушти раководството на социјалната мрежа. Маск ги отпушти извршниот директор Параг Агравал, главниот финансиски директор Нед Сегал и главниот правен и политички директор Виџеј Гада, објавија американските медиуми.

Медиумите објавија дека Агравал и Сегал биле во седиштето на Твитер во Сан Франциско кога бил склучен договорот и дека биле „испратени“ од зградата. Маск ги обвини претходните лидери дека ги доведоа во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни профили на платформата, како и дека не му даваат јасни аргументи за тоа како да ги постигне високите амбиции што ги има со влијателната социјална платформа.

Маск на Твитер потврди дека преземањето е завршено. „Птицата е ослободена“, напиша тој.

Маск рече дека сака да ги победи „спам-ботовите“ на Твитер, да ги направи јавно достапни алгоритмите што одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и да спречи платформата да стане комора на омраза и поделби.

Тој сака Твитер да биде „најпочитуваната платформа“

Маск претходно денеска изјави дека сака Твитер да стане „најпочитуваната рекламна платформа“, но исто така рече дека со оваа аквизиција сака „да му помогне на човештвото“.

Маск, ко-основачот на Твитер Џек Дорси и други инвеститори претходно предложија дека сакаат да ја тргнат социјалната мрежа подалеку од рекламирањето и да генерираат приходи преку претплати и други средства. Самиот Маск еднаш напиша „дека мрази рекламирање“. Затоа, огласувачите се загрижени за преземањето на мрежата од Маск.

„Сакам да му помогнам на човештвото“

Пред официјалната имплементација за купувањето на Твитер, Маск најави дека сака да ја преземе платформата за да му „помогне на човештвото”. „За иднината на цивилизацијата е важно да имаме заеднички дигитален градски плоштад каде што широк спектар на мислења можат да да се дискутираат на здрав начин, без насилство“, рече тој и додаде дека социјалните медиуми имаат моќ да „генерираат дополнителна омраза“.

Во изјавата насловена како „Почитувани огласувачи на Твитер“, Маск рече дека „очигледно“ не може сè да се напише онлајн „без последици“, но дека сака платформата да биде „добредојдена за сите“. Маск, самопрогласен „апсолутист на слободата на говорот“, во мај изјави дека ќе ја укине забраната на Твитер за поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше отстранет од мрежата во јануари минатата година поради стравувања од поттикнување насилство откако неговите поддржувачи упаднаа во Капитол во Вашингтон. Твитер сè уште не го потврди договорот од 44 милијарди долари.

Како Маск го купи Твитер?

Маск, истакнат и контроверзен корисник на Твитер, се вклучи во компанијата на почетокот на оваа година кога презеде повеќе од 9% од акциите. Откако објави дека станал најголемиот акционер на Твитер, Маск ја прифати, а потоа ја одби понудата да седне во управниот одбор на компанијата.

Маск потоа веднаш се понуди да го купи Твитер, се закани со непријателско преземање и потпиша „поволен“ купопродажен договор. Меѓутоа, неколку недели подоцна, Маск почна да изразува загриженост за „пролиферацијата на лажни и спам-сметки на Твитер“ и на крајот се обиде да го раскине договорот.

Твитер го тужеше и бараше да го почитува договорот, тврдејќи дека Маск го искористил аргументот за лажни профили за да се извлече од купувањето. Две недели пред почетокот на судењето, Маск рече дека сепак ќе го почитува договорот според неговите првични услови. Додека преговорите беа во тек, адвокатите на Маск побараа од судијата да ја запре правната постапка, што предизвика бурни реакции од Твитер, кој стравуваше дека Маск ќе го прекрши ветувањето и ќе се откаже од купувањето.

Судот им даде рок на Маск и на Твитер до 17 часот на 28 октомври да го затворат договорот или да се соочат со судење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП