На профитот на Мета значително влијаеше забавувањето на продажбата на реклами.
Паднаа цената на акциите, а намалени се и приходите како и добивката. Приходите на Мета паднаа за четири отсто во споредба со минатата година на 27,7 милијарди долари во третиот квартал, јавува Би-Би-Си.
Кварталниот профит падна за 52 отсто на 4,4 милијарди долари.
Цените на акциите на Мета паднаа за 19 отсто по објавувањето на кварталните резултати.
Мета се бори со големото забавување на трошењето на онлајн реклами, предизвиците од ажурирањето за приватност на Apple за iOS и зголемената конкуренција од TikTok.
Компаниите ги намалуваат буџетите за рекламирање во услови на економска несигурност.
Многумина очекуваат Мета да го забележи третиот последователен квартал со пад на продажбата оваа година.
Компанијата соопшти дека приходите за четвртиот квартал ќе изнесуваат од 30 до 32,5 милијарди долари.
Аналитичарите очекуваа продажба од 32,2 милијарди долари. Во меѓувреме, трошоците и расходите на компанијата се зголемија за 19% од минатата година на 22,1 милијарди долари.
Оперативните приходи паднаа за 46% на годишно ниво на 5,66 милијарди долари.
Акциите на Мета се тргуваат на ниво од 2016 година, што беше четири месеци пред Доналд Трамп да биде избран за претседател.
Мета најголемиот дел од приходите ги добива од корисниците во Северна Америка.
Довербата на инвеститорите падна во февруари, кога компанијата откри дека изгубила дневни корисници за прв пат досега.