18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите паднаа за 30 отсто: Швајцарската банка отпушта 9.000 вработени со полно...

Приходите паднаа за 30 отсто: Швајцарската банка отпушта 9.000 вработени со полно работно време?

Швајцарската банка Credit Suisse денеска објави дека до 2025 година ќе укине 9.000 работни места.

Банката, потресена од скандали, ја донесе оваа одлука како дел од радикалната трансформација на своите активности во обид да се опорави.

Планот е да ја намали својата работна сила до 2025 година од 52.000 вработени со полно работно време на 43.000.

Швајцарската банка опфатена со скандали неодамна се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне тужба за прикривање даночно затајување од страна на нејзините клиенти во Франција помеѓу 2005 и 2012 година.

Групацијата Credit Suisse во својот извештај за заработката за третиот квартал објави дека нејзиниот нето приход е намален за 30 отсто на годишно ниво на 3,8 милијарди швајцарски франци. Нето загубата достигна четири милијарди франци, во споредба со нето добивката од 434 милиони во истиот период во 2021 година, пренесува Teletrader.

„Неодамнешните резултати на нашата групација беа разочарувачки за нашите акционери. Почнувајќи од денес, преземаме серија одлучни активности за да го вратиме фокусот на Credit Suisse на потребите на нашите клиенти и акционери“, рече извршниот директор Улрих Кернер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП