4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG подготвува конкуренција за моделот Xperia Z Ultra

LG подготвува конкуренција за моделот Xperia Z Ultra

lg12

Неодамна се појавија гласини дека „LG“ подготвува уред кој е сличен на моделот на „Sony“ „Xperia Z Ultra“, кој се наоѓа на границата помеѓу телефон и таблет.

Новиот уред на „LG“ би требало да поседува екран со идентична големина – 6.4 инчи, но ќе има поголем број на пиксели.

Новиот таблет би требало да поседува 1920х1080 дисплеј со 441 пиксел по инч, што е подобро од 342-та пиксели по инч, колку што има „Xperia Z Ultra“.

Уредот исто така би требало да поседува „Snapdragon 800 SoC“, 3GB RAM и камера од 8 мегапиксели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП