19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот е-спорт настан во земјата за прв пат на 5G

Најголемиот е-спорт настан во земјата за прв пат на 5G

А1 Game Fest финале на 28 и 29 октомври

Традиционално, петта година по ред, А1 Македонија во соработка со GG.MK го организира најочекуваниот и најголемиот е-спорт настан во земјата – А1 Game Fest 2022.

Претстојниот викенд, на 28 и 29 октомври, Skopje City Mall е локацијата каде посетителите ќе имаат можност да ги следат во живо финалните натпревари, односно највозбудливиот дел од гејминг доживувањето на A1Game Fest 2022. 

Програмата за двата финални дена на А1 Game Fest најавува незаборавен викенд за сите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и за сите гејминг ентузијасти. Ве очекуваат натпревари во: DOTA 2, Call of Duty:Warzone, FIFA 23, Tekken 7, Board Games, Retro Corner како и највозбудливиот Cosplay натпревар. Oваа година за прв пат ќе се одржи Reality Awakens трка со RC коли како и натпревар во Clash Royale, преку 5G мрежата на А1.

Онлајн публиката ќе има можност да ги слединатпреварите преку директен пренос на профилите на А1 Македонија на Facebook и Instagram, како и преку Twitchканалот GG.MK. Возбудата на натпреварите ќе ја пренесат нашите врвни коментатори, а гледачите ќе можат да освојат вредни подароци.

Програмата на А1 Game Fest 2022 е збогатена со нови содржини креирани од партнерите на најголемиот е–спорт настан, Coca-Cola, Подравка со брендот Квики и Ирис-Мега кои обезбедуваат награди за победниците и многу изненадувања за публиката. 

Coca-Cola, партнер на овогодинешниот А1 Game Fest, ќе биде задолжен за освежувањето и многубројните награди и изненадувања. Заедно со Coca-Cola

македонските гејмери ќе се натпреваруваат во Tekken 7, ќе споделуваат возбуда во специјално дизајнираните барови поставени на самата локација. Дополнително, посетителите на А1 Game Fest ќе имаат можност да ги рециклирааат искористените амбалажи на посебно означено место, со уникатен и препознатлив Coca-Cola дизајн. 

Квики се официјалните грицки на А1 Game Fest 2022. Во Квики корнерот ќе се игра  FIFA 23, во живо ќе стрима познатиот јутубер Steffonator, а за публиката има VR зона, чил зона и вредни награди.

Детали и сите потребни информации за самите натпревари се достапни на https://www.facebook.com/a1gamefest/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП