5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Motorola Razr“ за 2022-ра пристигнува во Европа

„Motorola Razr“ за 2022-ра пристигнува во Европа

„Motorola Razr 2022“ е третата генерација на преклопен телефон на компанијата со флексибилен екран.

„Razr 2022“ е украсен со 2,7-инчен Quick View дисплеј однадвор, кој ги обезбедува најважните известувања и информации. Кога ќе се отвори „Razr 2022“, внатре има 6,7″ FHD+ P-OLED дисплеј со стапка на освежување на екранот до 144Hz. Има и HDR10+ сертификат и поддршка за 100% DCI-P3 опсег на бои.

„Motorola“ ги редизајнираше држачите за шарки кои го одржуваат дисплејот отворен во режимот „Flex View“, така што дисплејот стои под аголот што корисникот го сака и му овозможува да работи и да се забавува како што замислил. Постои и можност за поделен екран со цел да се користат неколку апликации истовремено.

Во полето на камерата, телефонот има главен сензор од 50 MP со технологија Ultra Pixel од 2.0μm и обезбедува 4x подобра чувствителност во услови на слаба осветленост, а има и поддршка за „OIS“. Има и камера со ултра широк агол од 13 MP, како и сензор „Macro Vision“ кој ќе се погрижи да се приближите 3,5 пати до она што го фотографирате.

Кога ви треба поголем екран, отворете го телефонот и користете ја камерата од 32 MP за селфи и видео повици.

Телефонот се напојува со чипсет Snapdragon 8+ Gen 1 на Qualcomm, заедно со 8GB RAM и 256GB простор за складирање. Оперативниот систем е Android 12 со кориснички интерфејс „MyUX“.

„Моторола Razr 2022“ се напојува со батерија од 3500 mAh, со поддршка за брзо полнење од 30 W преку USB-C приклучокот. Има и поддршка за 5G, Dolby Atmos и IP52 сертификат за отпор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП