2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПензиските друштва ќе го посетат архитектонскиот факултет со садници за деветтиот „ПЕНЗИСКИ ПАРК“...

Пензиските друштва ќе го посетат архитектонскиот факултет со садници за деветтиот „ПЕНЗИСКИ ПАРК“ и награди за студентите

Во четврток, на 27 октомври, пензиските друштва ќе го одбележат крајот на овогодинешните активности во рамки на кампањата „Засади желба, за поубава иднина“ со садење во дворот на Архитектонскиот факултет во Скопје и награди за студентите со најдобро решение за дизајн на „Пензиски парк“. 

„Од самиот почеток на кампањата се трудиме едукацијата запензиските фондови и обезбедувањето на поубава иднина даја изведеме со што е можно поголема вклученост на младитеи среќни сме што успеавме во тоа. Покрај активното учествона средношколците во садењето и одржувањето на„Пензиските паркови“, одлучивме да ги вклучиме и студентите кои можат да дадат уште поголем придонес сокреирање на концепти за поголем зелен простор кој ќе бидеод корист за сите нас. Во оваа фаза зборуваме заорганизација на имагинарна површина, која во иднина ќе сеобидеме да ја претвориме во убава реалност.“ – велат одпензиските друштва.

Покрај деветте „Пензиски паркови“, со кампањата „Засадижелба, за поубава иднина“ која започна во октомври минатата година, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје организираа и награден конкурс за студентите од Архитектонскиот факултет и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“. Нивна задача беше да дизајнираат зелен просторсо имагинарна површина од 5.000 квадратни метри во којкорисниците ќе можат да го поминуваат своето слободновреме за релаксација и социјализација. Предложенитерешенија треба да содржат садници од видовите даб, црвенаслива, горски и шарен јавор, како и урбана опрема која ќе гизадоволи потребите на корисниците.  

Доставените цртежи ќе бидат изложени утре, на 27 октомври, во холот на Архитектонскиот факултет, кадежири комисијата ќе избере победници. Трите најкреативниконцепти ќе бидат наградени од пензиските друштва сотаблети за цртање, за кои како што велат, веруваат дека ќе бидат извор на уште многу вакви општествено одговорни проекти.

Сите информации и активности поврзани со кампањата„Засади желба, за поубава иднина“ се достапни на вебстраната www.penzija.mk   

Супервизор на капитално финансирано пензискоосигурување е Агенција за супервизија на капиталнофинансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП