4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Deutsche Bank“ објави добивка поголема од очекуваната

„Deutsche Bank“ објави добивка поголема од очекуваната

Најголемиот германски заемодавач „Deutsche Bank“ во средата соопшти дека нејзината нето добивка во третиот квартал се зголемила повеќе од пет пати на годишно ниво, многу повеќе од очекуваното, бидејќи програмата за реструктуирање вроди со плод.

Нето добивката на групацијата меѓу јули и септември достигна 1,1 милијарда евра (1,1 милијарди долари), во споредба со 194 милиони евра во истиот период минатата година, се вели во соопштението. Повисоко е од прогнозите на аналитичарите на „Factset“, кои предвидуваа нето добивка од 809 милиони евра.

Добивката пред оданочување достигна 1,6 милијарди евра, што е најдобар резултат за третиот квартал од 2006-та година. Приходите се зголемија за 15 отсто на годишно ниво на 6,9 милијарди евра. Тие беа поттикнати од корпоративното банкарство, со пораст од 25 проценти.

Во одделот за инвестициско банкарство тие пораснале за шест отсто на 2,4 милијарди евра. Резултатите „ја нагласуваат успешната трансформација на нашата банка“, рече извршниот директор на „Deutsche Bank“, Кристијан Шевинг.

„Deutsche Bank“ започна програма за реструктуирање во јули 2019-та година, што резултираше со намалување на нејзиниот оддел за инвестициско банкарство и губење на илјадници работни места.

Неизвесната перспектива поради војната во Украина и ризиците од рецесија во Европа ја принудија банката да издвои резервации од 350 милиони евра овој квартал, во споредба со 117 милиони во истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП