22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗИ Мерцедес заминува од Русија: Се што има продава на локален играч

И Мерцедес заминува од Русија: Се што има продава на локален играч

Мерцедес им се придружува на голем број производители на автомобили кои ја напуштаат Русија.

Германската компанија Мерцедес-Бенц најави дека ќе се повлече од рускиот пазар и ќе продаде акции во своите подружници за индустриски и финансиски услуги на локален инвеститор.

Според Ројтерс, Мерцедес на тој начин им се придружува на голем број производители на автомобили кои ја напуштаат Русија.

Портпаролот на Мерцедес рече дека најавената трансакција не го вклучува сопственичкиот удел на компанијата во рускиот производител на камиони Камаз и тој удел треба да биде префрлен на Дајмлер Тракс оваа година, како што беше претходно планирано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП