5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple мора да се префрли на USB-C полначи: ЕУ официјално ја заврши...

Apple мора да се префрли на USB-C полначи: ЕУ официјално ја заврши процедурата за усвојување на новиот закон

Советот на Европската унија денеска даде конечно одобрение за задолжително воведување на единствен полнач за мобилни телефони и други електронски уреди од 2024 година во ЕУ.

Директивата за еден полнач одлучи USB-C портот да биде стандард за полнење на електронски уреди како што се мобилни телефони, таблети, е-читачи, слушалки итн., што значи дека сите уреди ќе можат да се полнат со истиот полнач, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Директивата, исто така, им дава на потрошувачите избор да купат нов уред со или без полнач и наведува дека дополнително, сите преносни компјутери ќе бидат опфатени со новите правила 40 месеци откако ќе стапат на сила.

Јозеф Сикела, министер за индустрија и трговија на Чешка, изјави дека различни полначи создаваат 11.000 тони отпад секоја година, додавајќи дека универзалниот полнач ќе заштеди време и пари и значително ќе го намали количеството на електронски отпад.

Со цел потрошувачите да знаат што купуваат, воведен е задолжителен пиктограм кој покажува дали новиот уред доаѓа со полнач и етикета која ја покажува ефикасноста на полнењето.

Директивата наскоро треба да биде објавена во Службениот весник на ЕУ, а ќе стапи на сила 20 дена по објавувањето, додека 24 месеци по стапувањето во сила ќе почнат да важат новите правила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП