3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mitsubishi XFC Concept“ најавува нов компактен „SUV“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Mitsubishi XFC Concept“ најавува нов компактен „SUV“ (ФОТО/ВИДЕО)

Иако многумина би помислиле дека овој концепт дизајниран од „Mitsubishi“ би можел да претставува замена за стариот „ASX“, оваа улога веќе ја пополнува во Европа со преработениот „Renault Captur“.

Всушност, концептот „XFC“ е позициониран во компактниот, а не во субкомпактен сегмент, што значи дека сериската верзија треба да се смести помеѓу моделите „ASX“ и „Eclipse Cross“.

„Mitsubishi XFC“ го носи новиот дизајнерски јазик на брендот, особено напред, како и најновата еволуција на темата „Dynamic Shield“.

Наместо традиционалните двојни хромирани елементи, добиваме LED фарови во форма на Т, кои донекаде потсетуваат на „Polestar“.

Предната табла во стилот „EVO X“ ја зголемува агресивноста, додека дополнителни LED светла се интегрирани во лизгачката плоча во боја на алуминиум под неа за робустен изглед.

Профилот е повеќе извајан од сегашните модели на „Mitsubishi“, со нагласени задни страни, „лебдечки“ покрив, целосно отсуство на рачки на вратите (тоа е само концепт на крајот на краиштата) и камери наместо надворешни ретровизори.

Секако, се очекува тие карактеристики да бидат ублажени кога ќе биде претставена сериската верзија.

Назад, LED стоп светлата ја рефлектираат формата на фаровите, како и задниот браник со двојни осветлени шестоаголни форми кои потсетуваат на издувните цевки.

Како и со надворешноста, внатрешноста се чини дека е многу блиску до производниот статус, настрана тапацирот со светли бои и фенси текстури.

Тука е неизбежниот дигитален кокпит со два екрани, потоа мултифункционален волан со три краци со контроли чувствителни на допир, централна конзола со футуристичка рачка на менувачот, скриени отвори за воздух и интересно дизајнирани спортски седишта.

„Mitsubishi“ го нагласува „внатрешниот простор кој е водечки во класата“ и способноста за возење на сите терени и временски услови.

Од компанијата не открија дали концептот нуди погон на сите тркала, ниту пак механичка платформа на која ќе се базира новиот модел. Не се објавени информации за погонските единици што ќе ги користи теренецот.

Сепак, се вели дека автомобилот нуди прилично висок клиренс и четири режими на возење – „Normal“, „Wet“, „Gravel“, „Mud“ – што го прави повеќе склон кон „полесно“ возење надвор од патот.

„Mitsubishi XFC Concept“ ќе го има своето официјално деби на саемот за автомобили во Виетнам во 2022-ра година, кој ќе се одржи помеѓу 26-ти и 30-ти октомври.

Се очекува сериската верзија да пристигне на пролет 2023-та година, а најпрво ќе се појави на пазарите во земјите од Југоисточна Азија (ASEAN), вклучувајќи го и Виетнам.

Според Такао Като, претседател и извршен директор на „Mitsubishi Motors“, компанијата работи на електрифицирана верзија на SUV за во иднина, надевајќи се дека ќе го продаде надвор од регионот на „ASEAN“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП