20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка алармира: Инфлацијата во Македонија е највисока досега, потребна е помош...

Светска банка алармира: Инфлацијата во Македонија е највисока досега, потребна е помош за најпогодените и мерки и реформи за економска стабилност

Македонија се соочува со највисоката инфлација досега – Светската банка алармира дека несразмерно се намалуваат реалните приходи на сиромашните, а истовремено има ограничен фискален простор, зголемен јавен долг и зголемени трошоци за финансирање.

Решението според Светската банка, треба да биде фискална поддршка за најранливите домаќинства и фирми, поради се поскапите производи, а истовремено, државата треба да оди кон затегнување на монетарната политика, кое треба да постигне рамнотежа меѓу избегнување на забавена економска активност и сузбивање на инфлацијата.

Директорот на Светската банка за Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи на презентирањето на есенскиот извештај за земјите од Западен Балкан, преку видео врска посочи дека е потребна владина поддршка за енергетски ранливите категории, како и мерки, за да се минимализираат фискалните ризици.

„Фокусот треба да продолжи да биде на долгоодложуваните структурни реформи, за да се поттикне економскиот раст и да се отворат нови работни места“, посочи Паолучи.

Во Македонија, според извештајот треба да се донесат мерки за зголемување на нивото на пазарната конкуренција, отстранување на бариерите за влез на бизнисите, како и подобрување на задржувањето на реинвестирањето кај странските инвеститори, подобрување на квалитетот на образованието и подобри стандарди за управување.

Светската банка алармираше дека се потребни реформи и минатиот месец, кога при презентација на извештајот „Дијагностика на трговската конкурентност и ефективноста на државната помош“, а кој се однесуваше само на Македонија, посочија дека 18 проценти од граѓаните живеат во сиромаштија и дека земјава има најниска продуктивност на работната сила во целиот регион.

И пред еден месец, како и сега, говорниците посочија дека се потребни реформи веднаш, како за подобрување на деловната клима, така и во делот на привлекување инвестиции и зголемување на продуктивноста во економијата.

А.Т

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП