19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБезбедносните експерти предупредуваат на потенцијални големи сајбер напади врз Украина, но и...

Безбедносните експерти предупредуваат на потенцијални големи сајбер напади врз Украина, но и врз западните земји

Прашањето воопшто не е дали Русија е способна да изврши масовни сајбер напади, бидејќи е очигледно дека може, смета Адам Мејерс од CrowdStrike.

Русија неодамна ја промени својата воена стратегија и сега е фокусирана на уништување на енергетската и друга критична украинска инфраструктура. Не треба ни да се споменува опасноста што им се заканува на Украинците доколку во студената зима ќе имаат рестрикции и намалувања на струјата и парното.

Но, како што предупредија експертите за сајбер безбедност на неодамнешната безбедносна конференција во Вашингтон, тие не треба да бидат изненадени ако наскоро Русија ги зголеми своите напади и во сајбер просторот. Исто така, ваквите напади можеби не се насочени само кон Украина, туку и кон западните земји, а како што често се случува со виртуелното војување, ќе биде многу тешко да се докаже дека зад таквите напади стојат хакери поврзани со руската влада.

Постојат две причини зошто Украина досега не претрпе значителна штета од руските сајбер напади, кои секако беа применети неколку пати од почетокот на војната. Една од причините се однесува на подготвеноста и одбраната на Украина во сајбер-просторот, бидејќи тие имаат негативни искуства со Русите од 2014 година и со години тренираат и се подготвуваат за такви напади.

Втората причина, мислењата на експертите беа пренесени на Cnet, е тоа што Русија сепак не премина во петта брзина, а досега ваквите напади беа со помал интензитет. Како што се менува стратегијата на бојното поле, така би можела и стратегијата во онлајн светот. На ова предупреди безбедносниот аналитичар од Mandiant, Џон Хултквист, кој особено ја нагласи можноста нападите да се шират во области надвор од виртуелните граници на Украина. На пример веќе се регистрирани напади на цели во земји како Полска, Литванија и Молдавија, за кои се обвинети руски хакери.

Прашањето воопшто не е дали Русија е способна да изврши масовни сајбер напади, бидејќи очигледно е дека може, смета Адам Мејерс од CrowdStrike и предупреди дека ова не е спринт, туку маратон, па за време на овој долг маратон можеме да очекуваме нови промени во тактиката, вклучително и големи сајбер напади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП