19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБРАКО испорача 15 возила „Грин Машинс“ во странство за само една недела

БРАКО испорача 15 возила „Грин Машинс“ во странство за само една недела

Во само една недела, БРАКО испорача рекордни 15 возила за одржување на хигиена во урбани средини од линијата „Грин Машинс“, во четири земји на три различни континенти.

Шест возила заминаа во САД, четири возила во Турција и Саудиска Арабија, додека едно возило е доставено на клиент во Франција.

Три од возилата во оваа пратка се од најпродаваните електрични камиончиња GM500ze, додека најпродаваниот светски модел со рачно управување од серијата GM400 e застапен со дури 12 парчиња.

Во моментот, во производството се реализираат порачки за клиенти од Грција, Хрватска, Обединетото Кралство и Австралија, а викендов се одржува и саем за комунални претријатија во Албена во Бугарија, кој од компанијата го оценуваат како одлична шанса за презентација на возилата „Грин Машинс“ и за опремување на комуналните претпријатија на општините во Бугарија со возила од БРАКО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП