23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраинска криза од ден на ден: Битката за Керсон продолжува; Зеленски: Руските...

Украинска криза од ден на ден: Битката за Керсон продолжува; Зеленски: Руските ракетни напади покриваат голема површина

Најжестоките борби се водат во областа Керсон, каде руската воена администрација нареди итна евакуација на цивилите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија истрелала 36 проектили во „масовен напад“. Вашингтон смета дека Москва не е заинтересирана за итен крај на конфликтот.

Сирените за воздушна опасност се огласија во регионите Полтава и Чернихив, во регионите Сума, Николаев и Харков. Руските сили ги одбија нападите на украинската армија во Луганск и Доњецк, додека воената администрација во Керсон повика на општа евакуација.

„Руските војници спречија напади на два непријателски баталјони на повеќе места во областа Керсон. Поради украинската контраофанзива, проруските власти во Керсон уште еднаш им наредија на цивилите веднаш да го напуштат градот и да се префрлат на левата страна на Днепар“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Киев тврди дека руските војници повторно истрелале ракети врз енергетската инфраструктура во западна Украина. Некои делови од три града – Луцк, Ривне и Хмељничка останаа без струја и вода.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија истрелала 36 проектили во „масовен напад“. Во објава на Телеграм, тој изјави дека повеќето од истреланите ракети биле соборени од системи за противвоздушна одбрана.

Тој наведува дека овие напади ги погодуваат регионите во западна, централна и јужна Украина, додавајќи дека очекува помошта на Западот да достигне техничка способност да собори 100 отсто од руските ракети.

Вашингтон вели дека Москва не покажува подготвеност да се вклучи во значајни разговори за ставање крај на војната во Украина.

„Претседателот Путин продолжува да оди во спротивна насока. Вашингтон би размислил за секаков вид напредок во дипломатијата, доколку се отвори таква можност. Наместо тоа, Москва ја удвојува и тројно ја зголемува својата агресија“, вели американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторува дека не смее да се дозволи конфликтот во Украина да стане директен конфликт меѓу Русија и НАТО. Во меѓувреме, медиумите од САД јавуваат дека 101-та американска воздухопловна дивизија е распоредена во Европа, во Романија во близина на границата со Украина, за прв пат по 80 години, поради тензиите меѓу НАТО и Русија.

Г7 го осуди киднапирањето на раководството на нуклеарната централа Запорожје

Групата од седум најразвиени земји во светот (Г7) денеска соопшти дека ги осудува случаите на киднапирање на раководството на нуклеарната централа Запорожје и повика на итно враќање на Украина на целосна контрола врз таа нуклеарна централа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП