21 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 17.09.2013

Техничка анализа EUR/USD 17.09.2013

Цената на валутниот пар EUR/USD во вчерашниот ден се корегираше после викендската празнина (Гап) и како што очекувавме при вчерашната анализа го потполна скоро сиот гап спуштајки се точно до цената на поддршка 1,3323.

Денес на пазарот може да очекуваме повторно раст на цената на еврото во однос на доларот, која останува во таканаречениот нагорен канал, а доколку продолжи трендот следни нивоа на отпор се највисокиот врв од отварањето на цената во оваа недела 1,3383 со можност за пробивање на истата покасно во американската сесија и достигнување на ново рекордно високо ниво од 1,3457.

Доколку цената на EUR/USD сеуште се корегира и паѓа во лондонската сесија последна можна поддршка е цена на 1,3277 од каде повторно би се вратила во нагорниот тренд.

Во случај анализата да не се оствари, доколку цената излезе од нагорниот тренд и започне со оштар пад поради некои нови фундаментални причини, наша препорака е да се користи стоп лос за да се минимизираат евентуалните загуби.

Доколку се придржувавме при вчерашната анализа и сме продале EUR/USD од највисокото ниво 1,3383 и сме го затвориле налогот на првата поддршка 1,3323 со разлика од 60 пипа со обем на налогот од 10 лота заработката би изнесувала 6000 долари или со налог од 1 лот изнесува 600 долари, а за помалите трговци со големина од 0,1 лот профитот изнесува 60 долари и за микро трговците со 0,01 лот заработка од 6 долари.

eurusd-17_09

Ваш најдобар брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП