3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ericsson“ не успеа да ја исполни прогнозата за профит

„Ericsson“ не успеа да ја исполни прогнозата за профит

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема „Ericsson“ објави основна добивка во третиот квартал што ги пропушти очекувањата втор квартал по ред, откако маржите беа погодени од повисоките трошоци за компоненти и логистика.

Кварталниот прилагоден оперативен профит на компанијата падна на 7,1 милијарди шведски круни (633,05 милиони долари) од 8,8 милиони круни една година порано. Износот е помал од очекувањата на аналитичарите од 8,73 милијарди круни, според податоците на „Refinitiv“.

Приходите на „Ericsson“ за тој период се зголемија на 68 милијарди круни, по минатогодишните 56,3 милијарди круни за тој период. Тие сега беа над просечните прогнози на аналитичарите од 66,25 милијарди круни.

Бруто маржата падна на 41,4% од 44%, исто така под влијание на помалиот приход од надоместоците поради тековните спорови за патенти.

Покрај прекините на синџирот на снабдување од војната во Украина и недостигот на чипови, компанијата се соочува и со истраги за поткуп во Ирак и гнев на инвеститорите поради недоличното однесување.

Компанијата е под истрага на американското Министерство за правда и Комисијата за хартии од вредност на САД за нејзините акции во Ирак во минатото. „Ericsson“ вели дека работи со двете агенции, а исходот од тоа сè уште е нејасен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП