26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Motorola“ има концепт на флeксибилен телефон, многу поразличен од другите (ВИДЕО)

„Motorola“ има концепт на флeксибилен телефон, многу поразличен од другите (ВИДЕО)

Бројните концепти кои досега имавме можност да ги видиме претежно пораснаа во ширина, но не и во висина. Идејата на компанијата „Motorola“ е да го прошири уредот со помали димензии за да добие паметен телефон со целосна големина со едноставно притискање на копче кое се наоѓа на страната на телефонот.

Кога телефонот не се користи, може да биде помал и полесно да го собере во вашиот џеб.

Новиот концепт се надоврзува на идејата што „Motorola“ ја воспостави со телефонот „Razr“ со екран што се витка чии димензии се намалуваат кога телефонот е преклопен.

Прикажаниот концепт има дијагонала на дисплеј од 5 инчи, но благодарение на екранот што може да се прошири, во целосна големина телефонот има 6,5 инчен OLED екран.

Според „Motorola“, новиот дизајн им овозможува на корисниците да имаат паметен телефон со екран со целосна големина кој може да се трансформира во помал уред, а тоа би можело да биде форма која моментално недостасува на пазарот.

Новата технологија за прикажување најдобро ја покажува посветеноста на „Motorola“ за создавање значајни и револуционерни иновации кои ќе ги задоволат сите потреби на корисниците и ќе го подобрат нивниот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП