24 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИнтернет корисниците шокирани од она што се крие зад опцијата „Јас не...

Интернет корисниците шокирани од она што се крие зад опцијата „Јас не сум робот“

Интернетот е мрежа која никогаш не мирува и каде што безбедноста и приватноста на корисниците се најзагрозени. Еден од начините да ги проверите е опцијата „Јас не сум робот“. Затоа, многумина беа изненадени од тоа што всушност се крие зад квадратчињата кои безброј пати сме ги штиклирале.

Доколку сте корисник на интернет, сигурно ви се случило при влез на одредени веб-страници да ве дочека безбедносна проверка во која треба да потврдите дека „не сте робот“.

Често придружено со квадратчиња на кои е неопходно да се препознаат фотографии од семафори, пешачки премини, трактори и слични предмети, стана составен дел од нашето сурфање на интернет.

Иако повеќето луѓе се трудат да ја завршат задачата што е можно побрзо, малку луѓе размислувале за тоа што се крие зад оваа опција.

Ова беше објаснето во епизодата на QI од 2020 година, каде водителот Санди Токсвиг откри за што се работи. Клип од шоуто сега се појави на TikTok, а многу корисници останаа во страв од она што го дознаа.

„Не се работи за штиклирање на тоа поле. Се работи за тоа како се однесувавте пред да го проверите“, објасни Санди, а потоа продолжи:

„Да бидам искрена, не можам да ги откријам сите специфики, но накратко, штиклирајте го полето и таа веб-страница ќе ја провери вашата историја на прелистување“, истакна таа.

„На пример, пред да го штиклирате полето, гледавте неколку видеа со мачки, ви се допадна твит за Грета Тунберг, го проверивте вашиот Gmail – сето тоа ги наведува да мислат дека има човек зад екранот“, рече таа.

„Во суштина, кога ќе штикирате „Јас не сум робот“, ја насочувате страницата да ги погледне вашите информации и сама да одлучи за што се работи. Ако компјутерот не е сигурен, тогаш ве упатува да кликнете на фотографиите на противпожарни хидранти“, додава таа.

Сè на сè, опцијата „Јас не сум робот“ е всушност прикриено одобрение за да и дадете на одредена веб-локација „чешлање“ на вашата историја на прелистување.

@fitzyandwippa Did you know this? 🤯🤯🤯 #fitzyandwippa ♬ original sound – Fitzy & Wippa

Видеото повторно стана тема откако беше тема на австралиските радио водители Фиц и Вип, а многумина беа шокирани од она што имаа прилика да го слушнат.

Корисниците изразија неверување на ова сознание, прашувајќи се дали е вистина или не, а многумина заклучија дека нешто вакво „делува незаконски“.

„Чекај, што? Како не го знаев ова“, напишал еден корисник.

„Ова е прв пат да слушнам за ова. Направив некои истражувања и за жал се чини дека е вистина“, додаде друг.

„Ова е тотално нарушување на приватноста“, заклучил некој.

Видеото за кратко време собра над три милиони прегледи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП