12 декември, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПад на продажбата на телефони - овие производители доминираат во третиот квартал

Пад на продажбата на телефони – овие производители доминираат во третиот квартал

Третиот квартал од 2022-ра година е зад нас, а „Canalys“ сега ни ги носи резултатите од испораката на паметни телефони во споменатиот период.

Комбинацијата на различни фактори доведе до тоа пазарот на паметни телефони да го забележи својот најлош квартал од третиот квартал од 2014-та година. „Canalys“ известува дека пазарот на паметни телефони доживеа годишен пад од дури 9% во споредба со минатата година.

Падот на продажбата на телефони трае од првиот квартал на 2021-ва година, кога продажбата беше на својот врв. Главните причини се нестабилната економска состојба и неизвесноста, како и помалата потрошувачка моќ на клиентите.

Кога станува збор за самите резултати, јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung“ го задржа првото место. Во наведениот период оваа компанија имаше пазарен удел од 22 отсто. Тоа е дури и мало зголемување на уделот на пазарот во споредба со истиот период минатата година, иако самиот „Samsung“ продаде помалку телефони.

„Apple“ се најде на второто место. Американската компанија имаше пазарен удел од 18% во третиот квартал од 2022-ра година, што е зголемување од 3% во однос на истиот период минатата година.

Третото место и припаѓа на „Xiaomi“, кој имаше удел од 14 проценти. Зад „Xiaomi“ сѐ уште две кинески компании и тоа „Oppo“ со пазарен удел од 10% и „Vivo“ со девет проценти. Овие две кинески компании забележаа благ пад на пазарниот удел. Другите производители заедно имаат 27% удел од пазарот на телефони.

Од „Canalys“ наведуваат дека има мали индикации дека во четвртиот квартал од 2022-ра година, како и во првиот квартал од 2023-та година, ќе има нешто поголема побарувачка за паметни телефони, но дека нема да биде значително зголемување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП