27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасега ЕУ без договор за ограничување на цената на гасот

Засега ЕУ без договор за ограничување на цената на гасот

Лидерите на Европската унија рано утринава завршија уште една дебата на самитот во Брисел без договор за ограничување на цените на гасот.

Дискусијата ќе продолжи денеска пред пладне за да се најдат опции како да се ограничат цените, пренесува Ројтерс.

Земјите-членки на ЕУ веќе се согласија да складираат што е можно повеќе гас и да ги повратат приходите од енергетските фирми за да ги трошат за помош на потрошувачите.

Лидерите на ЕУ на самитот на крајот ги поддржаа предлозите на Европската комисија почнувајќи од оваа недела за лансирање алтернативна референтна цена за течен природен гас и доброволно здружено купување гас, иако законите за да се случи тоа ќе бидат преговарани во наредните денови, додава британската новинска агенција.

Сепак, по еднонеделните преговори меѓу лидерите, министрите и дипломатите на ЕУ, самитот утрово околу 2 часот по полноќ прекина без конечна одлука за ограничувањето на цената на гасот.

„Имаме многу добра и солидна идеја како да продолжиме да работиме на темата за цените на енергенсите“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП