17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВојна во Украина: Серија експлозии во Харков; Русија нема да го промени...

Војна во Украина: Серија експлозии во Харков; Русија нема да го промени карактерот на специјалната воена операција

Во Харков, серија експлозии

Во Харков, кој е под контрола на вооружените сили на Украина, одекнаа серија експлозии, во сила е тревога за воздушна закана, пишува Спутник.

Градоначалникот на Харков изјави дека нападите биле извршени врз една од градските компании.

Според првичните информации, погодена е административно-производствена зграда. Има штета.

Четворица загинати во ракетен напад врз Керсон

Бројот на загинати во украинскиот ракетен напад на цивилниот премин во Керсон се искачи на 4, соопштија локалните власти.

Потсетуваме дека синоќа украинската армија истрела 12 ракети Химарс на преминот за цивили во Херсон веднаш до мостот Антоновски.

Зеленски: Русија сака да ја уништи браната во регионот Керсон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира да уништи хидроелектрана во регионот Керсон, каде што украинските војници постојано напредуваат, пишува Гардијан.

Во четвртокот вечерта, Зеленски ја обвини Москва за кревање во воздух важна брана на реката Днепар во регионот Керсон, како и блиска хидроцентрала.

Тој наведе дека со овој напад руските војници можат, меѓу другото, да го уништат дури и снабдувањето со вода на Крим од реката Днепар, бидејќи „во случај на уништување на браната ХЕ Каховка, Каналот Северен Крим едноставно ќе исчезне. “

– Ваквиот напад на ХЕ Каховка ќе значи потполно исто како и употребата на оружје за масовно уништување, додаде Зеленски.

Браната и хидроцентралата работат со значително намален капацитет бидејќи областа беше окупирана од руските сили во март, а украинските сили се на околу 40 километри северно од браната, пишува Гардијан.

Во моментов не се зборува за промена на името на воената операција во Украина

Во моментов не се зборува за промена на името на воената операција во Украина, изјави во интервју за „Известија“ поранешниот постојан претставник на Руската Федерација во ЕУ Владимир Чижов, кој беше назначен на функцијата сенатор на 27 септември.

-ФСБ веќе излезе со релевантни информации. Мислам дека тоа не е директно поврзано со утврдување на природата и правниот статус на операцијата. Засега нема планови за промена на карактерот на операцијата – рече тој, одговарајќи на прашањето дали терористичкиот напад на мостот на Крим доведе до промена на природата на специјалната операција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП