17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Aldi“ воведува пократко работно време за да заштеди

„Aldi“ воведува пократко работно време за да заштеди

Германскиот синџир супермаркети „Aldi Nord“ ќе го намали работното време на многу свои продавници од ноември во обид да ги намали трошоците за енергија, објави компанијата, цитирана од „Reuters“.

Продавниците ќе се затворат во 20 часот по локално време од 1-ви ноември, информира „Aldi Nord“, која работи продавници на северот на Германија.

Новите часови ќе стапат на сила во текот на зимската сезона 2022-2023 година, соопшти компанијата.

Корпорацијата, која развива бизнис во 9 европски земји и управува со повеќе од 2.200 продавници во Германија, не прецизираше колку од нејзините продажни места ќе бидат засегнати од промената на работното време. На нејзината корпоративна веб-страница се наведува дека нејзините супермаркети обично затвораат помеѓу 20:00 и 22:00 часот, пренесува „Reuters“.

„Aldi Nord“ и „Aldi Süd“ се два независни синџири на продавници кои беа разделени во 1966-та година врз основа на заедничкиот бренд „Aldi“.

Едната продажна група управува со продавниците на брендот во северниот дел на Германија, а другата во јужниот дел на Сојузната Република. Границата меѓу териториите на двата трговски синџири е позната како „Aldi Equator“.

Малопродажните синџири низ Европа се обидуваат да ги намалат трошоците за енергија поради зголемените цени поради воената агресија предводена од Москва во Украина, која речиси целосно го прекина снабдувањето на рускиот природен гас за повеќето земји на континентот, објави „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП