Велешката фабрика БРАКО инвестира 250 илјади евра за целосна реконструкција и отворање нов објект во фабриката, во кој ќе се централизираат и поедностават завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ.
Целта на поставувањето на новиот комплекс е значително да се намали вкупното време потребно за добивање на финален производ, на тој начин што ќе се скрати времето на изведување на работите, ќе се намалат трошоците за транспорт на материјали низ фабриката, ќе се зголеми ефикасноста и БРАКО ќе добие поголема конкурентност во времето на изработка и испорака на крајниот производ до купувачот.



