21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМобилните телефони би можеле да имаат целосно нов систем за полнење по...

Мобилните телефони би можеле да имаат целосно нов систем за полнење по новиот закон на ЕУ

Европскиот парламент неодамна донесе нова регулатива со која се бара од сите производители да почнат да ја користат истиот приклучок за полнење за мобилни телефони, таблети и камери до 2024 година.

Оваа регулатива ја поддржаа 602 пратеници, 13 беа против, а осум беа воздржани. Земјите членки на ЕУ треба да дадат зелено светло до 24 октомври, по што законот и официјално би бил усвоен во парламентот.

Оваа одлука ќе предизвика најмногу проблеми за Apple, бидејќи телефоните на технолошката фирма од Купертино користат различен конектор за напојување.

Гласањето го потврди претходниот договор меѓу институциите на ЕУ за да се направат USB-C конекторите што ги користат уредите со Android, стандард на ЕУ. Овој потег ќе го принуди Apple да го промени приклучокот за полнење на речиси сите производи на компанијата.

Новите правила опфаќаат и е-читачи, слушалки и други уреди и технологии, така што тие би можеле да предизвикаат проблеми и за други производители како Samsung и Huawei. Оваа одлука важи и за лаптоп компјутерите, при што нивните производители имаат дополнителни 40 месеци да ја почитуваат оваа мерка.

Apple во минатото предупредуваше дека таквиот предлог може негативно да влијае на иновациите и да создаде непотребен отпад. Сепак, се чини дека iPhone 15, кој се очекува во 2023 година, речиси сигурно ќе има USB-C порта.

„Победа на здравиот разум“

Многумина веруваат дека ова е победа за здравиот разум, бидејќи иако Apple има неколку производи со лајтнинг кабел, сеприсутноста на USB-C конекторот на речиси сите електронски производи го прави ова усогласување целосно логично.

За оваа промена се зборуваше со години, а конкретни активности беа преземени по бројните поплаки од корисниците на iPhone и Android дека биле принудени да користат и купуваат различни полначи за нивните уреди.

Европската комисија смета дека овој потег ќе доведе и до заштеди за корисниците, кои на глобално ниво може да изнесуваат и до 250 милиони евра, пишува Helloworld.

Маргрет Вестагер, еврокомесарката за конкуренција, го прослави новото правило со објава на својот Твитер профил.

„Времето кога се мачевме со различни полначи ќе стане сеќавање на старите, чудни времиња на непотребно губење време и непријатности“, напиша таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП