25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„BP“ купува производител на биогас за 4,1 милијарди долари

„BP“ купува производител на биогас за 4,1 милијарди долари

„BP“ објави дека ќе го купи производителот на биогас „Archaea Energy“ за 4,1 милијарди долари. Од компанијата наведуваат дека американскиот производител ќе придонесе за реализација на плановите за зелена трансформација и нулта емисија на јаглерод до 2050-та година.

Компанијата ќе плати 3,3 милијарди долари, или 26 долари по акција, за „Archaea Energy“, премија од 38% на акционерите врз основа на просечната цена на акциите за 30 дена. Договорот вклучува и обврски во износ од 800 милиони долари, што го вреднува производителот на биогориво на 4,1 милијарди долари.

На договорот му треба регулаторно одобрение, но „BP“ очекува зелено светло до крајот на оваа година.

Биогоривата се стратешки за развојот на „BP“ во наредните години – компанијата очекува побарувачката да расте и пазарот да се прошири 25 пати до 2050-та година во споредба со нивото од 2019-та година. Овие горива се произведуваат при компостирање на органски материјали на депонии. Доколку не се зароби, овој гас ја загадува животната средина.

Плановите се капиталните расходи за овој сегмент на „BP“ ќе се зголемат за 40% до 2025-та година и за околу 50% до 2030-та година.

„Archaea Energy“ е со седиште во Хјустон и поседува 50 погони за производство на чисти горива, коментираат од „BP“. Дневниот капацитет достигнува до 6.000 барели нафтен еквивалент. Ова му овозможува на „BP“ веднаш да го зголеми снабдувањето со биогориво за 50% и, соодветно, да го намали својот јаглерод.

Моментално профитот (EBITDA) на единицата за биогориво е околу 140 милиони долари годишно, а плановите се кога „Archaea Energy“ целосно ќе се интегрира во структурата на нафтениот гигант, профитот да достигне 500 милиони долари (до 2025-та година). Две години подоцна, профитот ќе се зголеми на 1 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП