26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиндикалците почнаа да се мајтапат на смирувачките изјави на власта дека платите...

Синдикалците почнаа да се мајтапат на смирувачките изјави на власта дека платите нема да се намалуваат и нема да се бркаат работници!

Синдикалците почнаа да си играат мајтат со убедувањата на властите дека најавениот план за штедење, односно планот за фискална оддржливост и поддршка на економскиот раст нема да донесе кратење на платите и намалување на работните места. Од самиот старт кога овој план беше објавен како работен заклучок од осумдесет и осмата седница на владата, синдикалците го оценија како нејасен и двосмислен. Во документот јасно се наведуваат стравувањата на борците за работничи права, но надлежните преку серија изјави во последниве 48 часа ја убедуваат јавноста дека нема да се случат кратења на платите во институциите под државна капа, а и бројот на вработени дека нема да се намалува.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија саркастично им ,,заблагодаруваат” на претседателот на Владата, Ковачевски, Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска и на Министерот за финансии, Бесими што повторно јавно истакнаа дека Мерките и планот за штедење иако донесен на седница на Влада и доставен до сите институции за постапување нема да се применуваат поради тоа што нема да се намалуваат платите на вработените во јавен сектор. Ваквиот начин на комуникација на синдикалците доаѓа од моменетот што истите тие политичари им ветуваа зголемување и усогласување  на платите на работниците во јавниот сектор, а иако законска обврска, премиерот и министерката за труд не го исполнија ветеното за разлика од сите други, а министерот за финансии кој беше најмногу против зголемување на платите на работниците во јавниот сектор и поради кој премиерот и останатите министри не ги зголемија платите, го прифати предлогот на ССМ и за вработените во Министерството за финансии ги зголеми платите за 30%.

„Сега ,,охрабрувачките” пораки кои работниците не ги разбираат како министрите, особено поради тоа што веќе дел од нив се праќаат на принуден одмор, веќе им се намалуваат плати и веќе се прават списоци за отстрел на работници, гласат:

-Нема да има отпуштања и нема да има намалување на платите на вработените во администрацијата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Тема на денот на телевизија Сител.

-Платите на вработените нема да бидат намалени, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски откако Сојузот на синдикатите на Македонија реагираше дека нема да дозволи намалување на работничките права преку кратење на плати, неисплаќање на додатоци и надоместоци од плата.

„Целта не е да се кратат платите на работниците, туку тоа е план за фискална одржливост којшто содржи низа мерки во насока на консолидација на трошоците и подобрување на квалитетот на услугите коишто го добиваат граѓаните“, рече Ковачевски.

-„Во ниту еден момент, ниту премиерот, ниту некој друг кажал дека ќе се намалат платите, а тоа не стои ниту во Планот за штедење, но има одредени сектори и колективни договори чии решенија ќе мора да се ревидираат“, рече вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими“, реагираат од ССМ

Работниците не веруваат во како што велат празните зборови на власта. Тие сега стравуваат за својата егзистенција бидејќи јасно се чита она што е запишано во документот од осумдесет и осмата седница на владата.

Ова се само дел од точките во владиниот документ кои се спорни за синдикатите :

„Консолидација на расходите за плати и надоместоци преку намалување за 10% во однос на утврдените лимити/ планирани средства за 2023 година.“

„Новите вработувања да се реализираат првенствено преку мобилност и превземање на вработени од други институции од јавниот сектор, при што се препорачува бројот на нови вработувања да не надмине 80% од вкупниот број на испразнети работни места по сите основи.“

„Намалување на трошоците за прекувремена работа за 20 %“

усогласување на бројот на ученици и паралелки со бројот на наставен кадар;

„Рационализација на расходите за стипендии преку ревидирање на стипендиите.“

„Редефинирање на утврдениот систем за остварување на студентскиот оброк.“

Ваквите мерки на владата не само што не се антикризни, туку според синдикатот тие ги намалуваат основните права на работниците. Сега синдикалците од јавниот и приватниот сектор со заеднички сили застануваат против овој план наменет за вработените во државните институции.  Не се исклулчува можноста од социјални немири, со протести и штрајкови кои ќе може да го парализираат норамлното функционирање на власта.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП