20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСега и јавно и официјално: Правилата ги поставуваат САД и ќе биде...

Сега и јавно и официјално: Правилата ги поставуваат САД и ќе биде како што тие велат

Ако Вашингтон не ги постави правилата во светот, некој друг ќе ги постави, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен истакна дека САД мора да бидат нација која поставува глобални правила за да се осигура дека американските интереси и вредности се поддржуваат.

Говорејќи пред новинарите на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија во понеделникот, највисокиот американски дипломат објасни како технологијата е клучот за политичката моќ, што влијае на економијата и војската.

Американците „мора да бидат оние на маса кои помагаат да се обликуваат правилата, нормите, стандардите според кои се користи технологијата“, рече тој.

„Ако ние не сме таму, ако САД не се таму, тогаш некој друг ќе биде, а овие правила ќе бидат обликувани на начин што не ги одразува нашите вредности и не ги одразува нашите интереси“, објасни Блинкен.

Другата опција е никој да не ги прави правилата и „ќе имаме хаос пред да имаме свет кој всушност е организиран за да се обиде да го искористи целиот напредок што го правиме“, заклучил Блинкен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП