Возилата за одржување на хигиена во урбани средини „Грин машинс“, беа презентирани во Рига, главниот град на Летонија, како потенцијален нов пазар за продажба на возилата кои целосно се проектирани, дизајнирани и произведени во фабриката БРАКО во Велес.
На барање на потенцијалните клиенти, претставници на „Грин машинс“ извршија практична презентација на моделот GM414RS, во рамките на кругот на една приватна компанија, и на електричниот модел GM400ze, во кругот на болничка клиника во Рига.



