1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали е поисплатливо да се штеди во домашна или странска валута?

Дали е поисплатливо да се штеди во домашна или странска валута?

Покачувањето на референтните камати несомнено е лоша вест за сите задолжени граѓани, бидејќи секое покачување автоматски ги зголемува и каматите на кредитите. Но, од друга страна, тоа е одлично за оние кои моментално имаат заштеди во банка, бидејќи истовремено растат и каматните стапки.

Актуелното заострување на монетарните услови што го спроведуваат централните банки во светот, како и последователно зголемување на каматните стапки на сите финансиски производи, вклучително и штедењето, секако придонесува за поголема привлечност на штедењето и негов раст.

Гледано од април 2022 година, Народната банка почна да ја зголемува основната каматна стапка како превентива на инфлаторните движења, која сега достигна 3,50%.

Гледано од точка на инфлацијата, растот на каматните стапки преку забавување на инфлацијата придонесува за зачувување на макроекономската стабилност, за зачувување на реалните приноси, како и за реалните приходи на економијата и населението, а со тоа и деловната и потрошувачката доверба, така што го поддржува и растот на заштедите.

Поголема камата на заштедите во денари

Иако штедењето во девизи е попопуларно кај граѓаните, податоците покажуваат дека денес со заострувањето на монетарната политика и зголемувањето на каматните стапки на централните банки, штедењето во домашна валута е значително поисплатливо. Каматните стапки на заштедите во денари се повисоки во однос на девизните заштеди, што придонесува за поголема привлечност на денарот.

Колку заштедите ќе бидат исплатливи во време кога кредитната задолженост баш и не е, ќе се разликува од банка до банка и дека е неизбежно банките сега да се тркаат за привлекување капитал од депозити, а тоа ќе биде добро.

Ќе расте и каматата на заштедите, но не толку брзо како каматите на кредитите. За да привлечат депозитен капитал, банките сега ќе треба да понудат малку повисоки каматни стапки на заштедите. Сега ќе има конкуренција меѓу банките колку ќе платат и во наредниот период ќе излагаат со понуди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП