30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFootball Manager 2014 пристигнува во октомври

Football Manager 2014 пристигнува во октомври

foo1

Видео играта „Football Manager 2014“ конечно доби датум за почеток на продажбата, а тоа е 31 октомври.

Играта ќе биде понудена како „PC“, „Mac“ и „Linux“ верзија.

„Добив многу барања за објава на почетокот на продажбата на играта, но тоа не сакав да го направам додека не бидам сосема сигурен. Сега сме сигурни дека продажбата ќе започне на 31 октомври, а драго ни е и за оние што веќе ја нарачале играта, што ќе можат да ја пробаат бета верзијата две недели порано“, изјави директорот на компанијата „Sports Interactive“ Мајлс Џејкобсон

Најавени се и некои иновации, како што е новиот систем за зум и за промена на големината на интерфејсот за различни екрани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП