8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе извисат ли училиштата - Власта и РКЕ со дијаметрално различни ставови...

Ќе извисат ли училиштата – Власта и РКЕ со дијаметрално различни ставови како да им обезбедат поевтина струја

Додека училиштата, здравствените домови и јавните комунални претпријатија чекаат одлука дали ќе заминат на регулираниот пазар, владата и Регулаторната комисија за енергетика со целосно различни ставови. Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе чека, РКЕ да го разгледа предлогот училиштата, здравствените домови и јавните комунални претпријатија да заминат на регулираниот пазар, иако уште од старт наиде на негодување од првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски. Иако целта на Владата е учениците да останат на училиште, но и општинските претпријатија да не ги зголемат цените на услугите, Бислимовски во овој предлог гледа оптоварување на мрежата. 

Денеска во гостување на телевизиска емисија вели, неговиот предлог е ЕСМ преку својата компанија за продажба, директно да им продава на овие категории на потрошувачи по цена која што ќе биде пониска од цената која што е во моментов на регулираниот пазар. 

,,На тој начин ќе избегнеме на ЕВН Хоум да им се даваат дополнителни пари за маржа, а ќе обезбедиме ЕСМ како државна компанија и која што добила субвенции од државата, да ги намали овие субвенции. На овој начин ем ќе им се помогне на школите, компаниите и ЈКП со цена која поволна за нив и прифатлива, додека со предлог на опозицијата, доколку се вратат сите овие на регулираниот пазар на електрична енергија во тој случај цената на електрична енергија во која што ЕСМ ќе продава на ЕВН Хоум е 48 евра за мегават час. Во тој случај маржата на ЕВН Хоум ќе се зголеми за 5-6 милиони евра, дополнително”, рече Бислимовски.

Претходно пак, премиерот Димитар Ковачевски беше оптимист дека е можно да се најде решение за вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар на електрична енергија и за вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ снабдување и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

Министерот за економија, Крешник Бектеши пак, посочи дека владата ќе стори се, учениците да немаат прекин во наставата и целосно да биде исполнет годишниот план за настава. Ваквиот став на владините претставници доаѓа откако општините предупредија дека доколку се на отворениот пазар, може да се случи економски колапс, а дел од општините се одлучија на повисоки сметки за вода, за да може да си ги подмират трошоците за електрична енергија. И додека проценките на Бислимовски се дека овој чекор ќе покрене повисоки сметки за струја, владата искалкулирала дека преминувањето од отворен на регулиран пазар на овие потрошувачи нема во голема мера да влијае на цената на домаќинствата.

А.Т

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП