13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Најнови вести од светот 16.09.2013 година

Белград – Комисијата за сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ се состанува денеска и утре во Сараево. Високиот претставник од Србија во Комисијата Оливер Антиќ пред состанокот во Сараево во интервју за весникот Данас вели дека сукцесијата до сега не одела изедначено и дека тоа е најголем проблем, во чие решавање е важна неговата улога. – На пример, некоја страна, да ја земеме Хрватска, не одговара Анекс Г да се решава брзо и да се решава рамномерно со другите анексии и тој анекс се запостави, а се пружи предност само еднаш, при поделбата на дипломатско-конзуларните претставништва, каде се направија неверојатни глупости. Значи, сега тој процес ќе биде изедначен, бидејќи мораме да ја порамниме линијата – ќе застанеме со тие анекси кои отидоа далеку, за да стигнеме до тоа ниво и со другите анекси – вели Антиќ.

Белград – Националната авионска компанија Ер Србија најави нови дестинации, зголемен број на летовите на линии на кои веќе лета и почеток на програма на обнова на флотата. Од 26 октомври Ер Србија од својот матичен аеродром белградскиот аеродром Никола Тесла, редовно ќе сообраќа кон Абу Даби, Бањалука, Букурешт, Љубљана и Прага, а се разгледува и воведување на дополнителни дестинации, се наведува во соопштението на компанијата. До месец јуни 2014 година, Ер Србија ќе го дуплира бројот на редовните летови и капацитети, а во понуда ќе бидат 73.000 места на над 670 полетувања неделно од Белград кон 39 дестинации во 30 земји во светот.

Белград – Првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ изјави дека очекува Србија од Обединетите Арапски Емирати да добие кредит од 2 до 3 милијарди долари. Се работи за кредит по најниска каматна стапка, на период од 20 до 30 години, а Србија со тие пари планира да ги врати долговите кои најмногу ја оптоваруваат, објасни Вучиќ.

Копривница – Фармацевстката компанија Белупо, која работи во состав на Групата Подравка, во Копривница ќе гради нова фабрика за лекови. Се очекува реализацијата на проектот да почне идната година, за кога е предвидено проектирање и изградба на фабриката, а ако пробното производство биде добро, производството со полн капацитет ќе почне во текот на 2016 година, пренесе Хина.

Бечиќи – Хотелот Кралица на Црна Гора во Бечиќи ќе биде понуден на продажба, поради неплатен кредит на унгарската ОТП банка. Како што пренесоа подгоричките медиуми, унгарската банка покрена процедура за наплата на кредит од 35 милиони евра, кој пред шест години од неа ја зема тогаш ново основаната хотелска компанија The Queen of Montenegro која работи со истоимениот комплекс во Бечиќи.

Загреб – Медот од костени од 250 и 450 грама од полначницата за мед Медо-Флор во Долни Драгоношац во Хрватска се повлекува од пазарот поради тоа што содржи перметрин и алетрин. Перметринот и алетринот се синтетички материјали од групата пиретроиди кои на широко се користат како инсектициди против штетници. Алетринот, на пример, се наоѓа во РАИД препаратите. Според наодите на Хрватскиот ветеринарен институт во Загреб, утврдената концентрација на алетрин е 0,103 мг-кг (дозволено за мед е до 0,005 мг-кг), а перметринот 0,043 мг-кг (дозволено е до 0,002 мг-кг).

Токио – Хелоу Кити, симпатичен цртеж на маица кој стана една од најпрепознатливите франшизи во светот, го круниса новиот милијардер. Шинтарио Чуји 85 годишниот основач и извршен директор на компанијата Санрио, откри дека има над милијарда долари. Растот на продажбата на Хелоу Кити производите му помогна цените на акциите на оваа компанија дупло да се зголемат во текот на оваа година. Шинтарио контролира 1,8 милиони акции директно, а уште повеќе има неговата сопруга Јасуко. Продажбата на Сарио компанијата донесе 899 милиони долари во последната фискална година.

Чикаго – Една од најголемите авионски компании во САД, Јунајтед ерлајнз поради грешка неколку часа продавала карти за своите летови по необично ниска цена од 5 до 6 долари. Како што пишува Чикаго трибјун, од патниците било побарано да ја платат само таксата за безбедност во износ од 2,5 долари, а останатите такси се избришани. Вообичаената цена на разни надомести по патник, без цената на авионската карта, е околу 22 долари, укажа Блумберг.

Вашингтон – Пазарот на дијаманти доживува процут во последните пет години, благодарение на зголемената побарувачка на богатите на новите пазари во Кина, Русија, Индија и Блискиот исток. Продажбата на скапоцени камења на највлијателните аукциски куќи Кристи и Сотби е зголемена за 10 отсто во период од првиот семестра на 2012 и 2013 година, пренесе Фигаро. Цената на дијамантите во последните десет години повеќекратно се зголеми, а продажбата значително се зголеми во последните месеци.

Пекинг – Кинеските власти ги посетија канцелариите на германскиот фармацевстки гигант Бајер во таа земја, во рамки на истрагата која се води против странски фармацевстки компании. Истрагите се покренати поради неоправдано високите цени. Кинеските истражувачи уште минатиот месец посетија една канцеларија на Бајер, за да го истражат случајот со неправедната конкуренција, наведено е во соопштението на Бајер.

Рим – Италијанската челичарница ја запре работата во седум погони и испрати 1.400 работници дома поради долгорочниот правен спор. Италијанското семејство Рива, кое е сопственик на оваа компанија, се наоѓа под неколку парелелни истраги поради измама и еколошко загадување во италијанскиот град Таранту.

Киев – Гаспром ќе го зголеми транзитот на природниот гас низ Украина, рече за новинарите во Киев бизнисменот Дмитриј Фирташ. Според неговите зборови, тоа стана можно благодарение на решението на прашањето за полнење на подземните магацини за гас во земјата, како и други компромисни решенија на кои одеше Киев. Паралелно со договорите за полнење на магацините, потребо е да се оддаде признание на Нафтогас Украина, бидејќи договори Гаспром да обезбеди поголеми испораки, рече Фирташ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП