7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari 458 Speciale, објавено промотивното видео за овој суперавтомобил

Ferrari 458 Speciale, објавено промотивното видео за овој суперавтомобил

2011 Ferrari 458 Italia Wheelsandmore

„Ferrari“ го објави новото промотивно видео за „458 Speciale“ моделот кој неодамна за прв пат е претставен на саемот за возила во Франкфурт.

Дизајниран како ултимативна „458“-ца, овој модел се одликува со аеродинамична надворешност со нов преден браник, унапредени странични додатоци и истакнат заден дифузер, а тука е и големиот заден браник.

За моќноста е задолжен надградениот 4.5L V8 мотор кој постигнува 605ks излезна моќност и 540Nm вртежен момент, а сето тоа е поврзано со двојна спојка за пренос која на овој модел му овозможува да постигне забрзување од 0 до 100км/ч за три секунди. Моделот го каректеризираат и „Brembo“ кочниците, „Side Slip Angle“ контролниот систем како и тркала со „Michelin Pilot Sport Cup2“ пневматици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП