18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСтолтенберг: Русија да не ја преминува „многу важната линија“

Столтенберг: Русија да не ја преминува „многу важната линија“

Рускиот претседател Владимир Путин би ја преминал „многу важната линија“ доколку употреби нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Следната недела НАТО ќе одржи вежба наречена „Постојано пладне“, на која ќе учествуваат авиони способни да носат нуклеарни боеви глави.

Долго планираните маневри се одржуваат приближно во исто време секоја година и траат околу една недела.

Русија обично спроведува свои маневри во исто време, а НАТО очекува Москва да спроведе свои нуклеарни вежби овој месец.

Столтенберг рече дека НАТО „внимателно ќе следи“ што прави Русија.

На прашањето што би направил НАТО доколку Русија изврши нуклеарен напад, Столтенберг рече дека тоа ќе ја промени природата на конфликтот.

„Тоа ќе значи дека е помината многу важна линија“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП