26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата хрватска компанија веќе не постои

Најголемата хрватска компанија веќе не постои

Според објавеното правосилно решение на Трговскиот суд во Загреб, вонредната управна постапка во „Агрокор“ е завршена, а „Агрокор д.д.“ е избришан од Судскиот регистар.

„Трговскиот суд во Загреб со својата одлука од 19-ти јули 2022-ра година утврди дека со полноважното спојување на 46 неодржливи компании кон должникот „Агрокор д.д.“ како стекнувач, порамнувањето на доверителите на „Агрокор“ се смета за завршено, а постапката на извршена е итна управа над должникот „Агрокор д.д.““, се вели во соопштението.

Се додава дека „со тоа успешно заврши една од најголемите светски постапки за реструктуирање преку стечај, која е меѓународно признаена како таква, а самата постапка доби правен легитимитет во Европската унија, Велика Британија, САД и Швајцарија“, пренесува порталот „Index.hr“.

Во постапката за итна администрација, презадолжениот „Агрокор“, иако во стечај, продолжи да работи, а притоа се зачувани сите операции и целосниот работен однос, се истакнува понатаму.

Во тоа време, овој систем вработуваше повеќе од 50.000 луѓе на подрачјето на Југоисточна Европа, а неговиот колапс, поради влијанието врз илјадници поврзани компании, ќе предизвика сериозни негативни последици во економиите на Хрватска и сите земји во регионот.

Вонредната административна постапка во „Агрокор“ е започната на 10.04.2017-та година и со неа беа опфатени вкупно 77 компании на „Агрокор“. Вкупниот долг на компанијата во тоа време изнесувал 56 милијарди куни (7,4 милијарди евра), долгот бил околу 30 пати поголем од оперативната добивка, а на сметките на компанијата имало само 6 куни, се наведува во соопштението. Најважниот резултат од вонредната управна постапка, заедно со постигнатото порамнување и зачуваното деловно работење, беше фактот што во текот на постапката, долговите на 2.400 микро и мали добавувачи беа целосно исплатени, додека на другите доверители им беа исплатени во просек по 60 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП