26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрв пат во историјата: Траекторијата на астероид беше променета со удар на...

Прв пат во историјата: Траекторијата на астероид беше променета со удар на вселенско летало

Леталото DART, лансирано од НАСА, успеа да ја промени траекторијата на астероидот Диморфос, како што беше планирано, потврди американската вселенска агенција.

Мисијата DART беше првата демонстрација на технологија на отклонување за планетарна одбрана, пишува CNN.

Пред ударот, на Димрофос му беа потребни 11 часа и 55 минути за да орбитира околу поголемиот астероид Дидмос, а по ударот му беа потребни 11 часа и 23 минути.

Астрономите процениле дека DART ќе биде успешен доколку ја скрати траекторијата на астероидот за 10 минути, а вселенското летало на НАСА ја скрати за 32 минути.

Ниту Диморфос ниту Дидимос не претставуваат закана за Земјата, но тие беа совршена цел за тестирање на технологијата на отклонување, рече тимот на DART.

„За прв пат, човештвото ја промени орбитата на планетарен објект“, рече Лори Глејз, администратор на НАСА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП