25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно - предупредување: „Возот кој излезе од контрола“

Повторно – предупредување: „Возот кој излезе од контрола“

На самиот почеток на Годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, дијалог одржаа генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева и претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, кои предупредија на растечкиот ризик од глобална рецесија, при што инфлацијата останува постојан проблем по рускиот напад врз Украина.

„Постои ризик и реална опасност од глобална рецесија следната година“, рече Малпас, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека развојните напори ширум светот се соочуваат со криза, наведувајќи го во овој контекст забавувањето на растот во развиените економии и депрецијацијата на валутите во многу земји во развој.

Шефицата на ММФ Георгиева рече дека ММФ гледа „значаен проблем“ во Кина, втората по големина економија во светот, каде што нестабилноста на пазарот на домување го намалува економскиот раст.

Осврнувајќи се на порастот на потрошувачките цени во земјите низ светот, таа рече дека не можеме да дозволиме инфлацијата да се движи „како воз кој излегол од контрола“.

Георгиева оцени и дека Заедничката рамка на Групата 20 за реструктуирање на долговите на сиромашните земји полека профункционира, но дека е оптимист за случаите на Чад и Замбија, кои заедно со Етиопија први побараа помош.

Таа изрази надеж дека напорите за реструктуирање на долгот на Чад и Замбија може да бидат финализирани до крајот на годината, што, како што вели, ќе го отвори патот за другите земји да побараат таква помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП