Се појави застрашувачко видео на кое се гледа моментот на разорната експлозија на мостот на Крим.
По големата експлозија што се случи утринава на мостот на Крим, Русија наводно подготвува голема одмазда. Истрагата се уште е во тек, но се знае дека според првите информации загинале три лица. Причината за експлозијата се уште не е позната. Снимките покажуваат дека дел од мостот се урнал и дека погодениот дел е зафатен од пламен и сега Русија наводно подготвува одмазда.

