7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто најдобрите идеи ги добиваме на невообичаени места

Зошто најдобрите идеи ги добиваме на невообичаени места

idea

Веројатно сте забележале дека понекогаш ви се „пали сијаличката” во најнеобични моменти, додека извршувате некои вообичаени работи. Повеќето неверојатно успешни луѓе, своите најбрилијантни идеи ги добиле во бањата, тоалетот и слични места. Истражувањата покажуваат дека времето под тушот може да го подобри иновативното размислување.

Сигурно некогаш длабоко сте размислувале за нешто, сте смислувале решение или идеја, но ништо не излезгло од тоа. Одеднаш, идејата ви доаѓа од ведро небо, за време на туширање или додека правите некои вообичаени активности. Не сте единствени, бидејќи многу успешни луѓе на тој начин дошле до иновации.

 

Идеите најчесто доаѓаат во тоалет или под туш

– Малото одвлекување на вниманието, како што е одењето во тоалет или под туш, всушност може да биде добро решение кога станува збор за креативност. Прекините и диверзиите може да доведат до креативен “период на инкубација”, објаснува Шели Карсон – психолог од Харвард. Со други зборови, расеаноста може да ви помогне во создавањето на пауза која што е потребна за да се одвоите од фокусот на некое неефективно решение. Ова им помогнало на многу светски познати креативни луѓе и иноватори.

 

Вуди Ален се туширал со часови

На пример, писателот, актер и режисер Вуди Ален, редовно поминувал многу време под туш за да добие инспирација. Тоа понекогаш траело со часови, но тој објаснува дека во тие моменти целиот свет го оставал зад себе, а идеите сами му доаѓале на ум. Архимед исто така дошол до големо откритие во бањата. На тој начин дошол до заклучокот дека “Телото потопено во течност е полесно за тежината на раселените течности. ”

 

Гертруда Штајн со часови гледала крави

Некои од најдобрите идеи Гертруда Штајн ги добивала во автомобилот додека гледала крави. Таа пишувала само половина час дневно, а се возела низ фармата и застанувала до различни крави додека не наидела на некоја која најмногу ја инспирирала.

Рокенрол легендата Џон Ленон, идејата за „Being for the Benefit of Mr. Kite” ја добил гледајќи интересен постер во продавница за антиквитети.

 

Никола Тесла добивал идеи со шетање

Човекот кој живеел далеку пред своето време, генијалецот Никола Тесла, имал многу идеи. Некои од нив ги добивал далеку од лабораторијата, шетајќи се релаксирано. Бастунот го користел за да нацрта скица на она што ќе му дојдело како идеја на земјата.

Писателлата Џ. К. Роулинг исто така спаѓа во оние кои доаѓаат до идеи на некои поинаков начин. Мислата за популарниот Хари Потер, Роулинг ја добила додека се возела во пренатрупан воз. Немала пенкало за да ја запише идејата, а била и премногу срамежлива за да замоли некој за да и даде, па решила да остане во возот уште неколку часа, со цел да ја заклучи идејата во својата глава.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП