25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБС го воведува денарот на листата на валути во Србија

НБС го воведува денарот на листата на валути во Србија

Извршниот одбор на Народната банка на Србија одлучи да додаде две нови валути на листата на валути со кои се тргува на девизниот пазар на Србија: валутата на Обединетите Арапски Емирати – дирхам и валутата на Република Северна Македонија – денар.

Одлуката ќе стапи во сила на 1 ноември 2022 година.

„При донесувањето на одлуката за воведување на дирхам на листата на валути со кои се тргува на домашниот девизен пазар, Народната банка на Србија се водеше од специфичните потреби на деловните субјекти и потенцијалот за економска и други форми на соработка, имајќи ја предвид значењето што би го имало воведувањето на дирхам во оваа листа за понатамошна соработка нашите две земји, пред се во смисла на дополнителни капацитети за инвестирање и работење на домашни компании и компании од Обединетите Арапски Емирати, како и за унапредување на нашата земја во Обединетите Арапски Емирати“, се наведува во соопштението на НБС.

Како што додаваат, „при одлуката за вклучување на македонскиот денар во листата на валути со кои се тргува на домашниот девизен пазар, Народната банка на Србија се водеше од развиените економски и други форми на соработка меѓу Република Србија и Република Северна Македонија, како и потенцијалот за понатамошен развој на оваа соработка, особено по започнувањето на иницијативата “Отворен Балкан“.

Бидејќи иницијативата Отворен Балкан претставува, велат, одговор на барањата на економијата и реалниот сектор и поддршка на постоечките регионални иницијативи, воведувањето на македонскиот денар на листата на валути со кои може да се тргува во Србија треба да го олесни постигнувањето на дефинираните цели на таа иницијатива.

Со влегувањето во сила на Одлуката, Народната банка на Србија од 01.11.2022 година ќе започне со објавување на курсната листа за официјалниот среден курс на динарот и курсната листа на девизи – во која ќе бидат вклучени девизниот курс на динарот во однос на дирхамот и македонскиот денар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП